Редовни и вонредни активности на ЈП „Охридски комуналец“ за уредување на зелените површини пред официјалниот почеток на туристичката сезона.

Деновиве беа уредени зелените површини во стариот дел на градот, покрај пешачката патека од Горна Порта до Канео, пристапната патека до Лабино, шумскиот дел околу Самоиловата Тврдина и новата патека кај Саат-кулата.

Продолжи засадувањето на летната цветна реколта во парковите, а темелно беше расчистен и делот пред пристаништето при што беше подигнат натрупаниот отпад и тиња и се отстрани ниската вегетација.

Иако одржувањето на зеленилото покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум не е во надлежност на јавното претпријатие, нивни екипи го искосија тревниот дел покрај коловозните ленти, како и средишниот дел меѓу коловозните ленти  на потегот Хидробиолошки завод- Св.Стефан.