До крајот на преодниот рок, екипата на Интер, ќе ги засили своите редови со чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез, кој е член на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

„Нероазурите“, Алексис Санчез ќе го доведат на позајмица но со обврска да го откупат комплетниот договор после завршување на сезоната. Чилеанецот кој не е во плановите на Оле гунар Солскјер треба да биде големо засилување за тимот кој со фируозен триумф над Лече (4-0) ја започна сезоната.

Трансферот најавен беше уште на почетокот од овој месец но работите се закомпликуваа поради високите лични примиња кои ги има Алексис на Олд Трафорд. Како што пренесува „Скјај спорт“, Алексис прифатил намалување на платата само да го засили Интер.

Интер и Манчестер Јунајтед имаа успешна соработка ова лето, откако Ромелу Лукаку од Англија замина во Италија а на повидок е уште една која дефинитовно ќе го одбележи летниот преоден рок во Серија А.

OhridNews