Продажбата на фудбалскиот клуб Интер , за која до сега само се
шпекулираше, сепак официјално е потврдена, а претседателот на клубот,
Масимо Морати е подготвен да го продаде.

Морати(68), кој го презеде клубот во 1995 година од Ернесто Пелегрини,
за Gazzettа dello Sport, потврдува дека го продава клубот.

„Носталгијата е зад мене. Одлучив да гледам кон иднината. Интер има
слични долгови ако најголемите клубови во свето и поради тоа сум
загрижен“, вели Морати.

Според него, италијанскиот спорт веќе со години игра на `европски терен`
и освојува титули, но во финансиска смисла игра само на `домашен
терен`.

„Тој натпревар го изгубивме и јас ја преземам вината на себе. Интер
вреди многу повеќе од тоа што го покажуваат приходите и затоа е потребен
`ремонт1 внатре, во структурата на клубот како и на самиот бренд Интер.
Верувајте ми работам за добробит на клубот и на навивачите.  Јас ќе
продолжам да давам придонес, ако треба , но мислам дека го постигнав
својот максимум и дека станав блокада за понатамошниот развој на Интер“,
вели Морати.

Gazzetta dello Sport пишува дека сопственикот и претседател на клубот е
пред одлука да ги продаде своите 75 отсто кои ги има во клубот по цена
од 300 милиони евра. Купувач е индонезиски тајкун школуван во САД, Ерик
Тохир, кој работи со медиуми, но е наследник во фамилија која се
збогатила во автомобилскиот бизнис и инвестициското банкарство.

Како мудар бизнисмен 43- годишниот Индонежанец, ќе го задржи Морати на
водечката менаџерска позиција во клубот, како и должноста на извршен
претседател.

Клубот во кој ќе задржи 23,3 отсто (1,6 отсто му припаѓаат на Пирели) од
сопственичкиот удел, во Тохир би го воделе во синергија.

Целта на проектот е силен спортски бренд, посебно на подрачјето на Југоисточна Азија.

Тохир има цел да го санира клубот, да го ревитализира во маркетиншка и
комуникациска смисла. Планира финансиите да ги доведе во рамнотежа низ
следните две сезони, а потоа да остварува стабилен економски.

„Макфакс“