Бразилскиот интернационалец Хернанес, кој настапуваше за Лацио е нов фудбалер на Интер. Тој ги договори личните услови и се пресели на „Џузепе Меаца“.

Интер покрај Хернанес се засили и со Д`Амброзини од екипата на Торино, а на добар пат е да го ангажира Нани од Манчестер Јунајтед.

Судбината на Португалецот на Олд Трафорд не е добра откако „ѓаволите“ за рекордни 47 милиони евра го купија Хуан Мата.

Мх.П.