Фудбалерите на Интер направија голем исчекор во борбата за титулата во Серија А, победувајќи го второпласираниот Милан со 3-0 (1-0), во градската пресметка која се одигра на „Сан Сиро“.

„Нероазурите“ триумфот во дербито го најавија уште во петтата минута, кога Лаутаро Мартинез го отвори резултатот. Аргентинецот погоди повторно, овој пат во 57-та минута за дуплирање на водството. Печат на победата стави Ромелу Лукаку, кој за 3-0 реализираше во 66-та минута.

 

Интер со трите бодови од дербито се одлепи на четири поени од Милан и со добра залиха влегува во последната третина од италијанскиот шампионат.

Во попладневниот термин во „калчото“, Парма и Удинезе освоија по бод, ремизирајќи 2-2.

OhridNews