Екипата на Интер полека го надминува притисокот на домашен терен. “Нероазурите“ со чисти 2-0 ја совладаа Катанија и го забележа вториот триумф на “Џузепе Меаца“.


Мрежата на гостите прв ја начна Касано во 28-та додека конечниот резултатот го постави Паласиос во 86-та минута од натпреварот.

Рома со неверојатен “кам бек“ успеа да ја совлада Џенова со 4-2. Избраниците на Зденек Земан чекаа да примат два погодоци и да заиграат. Кучка го отвори резултатот додека водството го дуплираше Јанковиќ. До крајот на првиот дел со головите на Тоти и Освалдо, “волчицата“ ја анулираше предноста на домаќините. Со вториот гол на мечот Освалдо го комплетираше пресвртот. За мирен финиш погоди Ламела и ги постави конечните 4-2.

Резултати : Интер – Катанија 2-0, Удинезе – Пескара 1-0, Каљари – Болоња 1-0, Аталанта – Сиена 2-1, Киево – Фиорентина 1-1, Палермо – Торино 0-0, Парма – Сампдорија 2-1, Џенова – Рома 2-4.

Мх.П.