Интер го совлада Удинесе со 3-1 на Фриули и се доближа до третото место кое води во Лигата на Шампиони. Сета работа “нероаѕурите“ ја завршија во првиот дел кога со головите на Снајдер и Алварез, ја направија одлучувачката предност.

Наполи без Пандев во составот славеше кај Лече со 2-0, со головите на  Хамшик и Кавани по еден во двете полувремиња.

Лош ден за римските калчолигаши Лацио и Рома кои претпреа порази на гости од Новара, односно дома од Фиорентина со идентични 2-1.

На четири кола пред крајот третиот Лацио има 55 бода, додека седмата Рома има 50. Меѓу нив се Наполи (54), Удинесе (52) и Интер (52).