Екипата на Интер води жестока битка со Барселона, која по секоја цена посакува да го ангажира аргентинскиот репрезентативец, Лаутаро Мартинез.

Офанзивецот на дело, со тренинг во друштво со девојката Агустина Гандолфо покажа зошто е трансфер мета на Барселона. Лаутаро и Агустина добија пофални зборови за заедничките тренинзи во карантинот поради пандемијата со коронавирусот ширум светот.

Лаутаро во Интер се пресели во јуни 2018 година од аргентинскиот клуб Расинг. Во првата сезона, репрензетативецот на „гаучосите“ запиша 27 настапи и постигна шест голови. Оваа сезона, Аргентинецот голгетерски експлодираше постигнувајќи 11 голови во 22 натпревари.

OhridNews