Интер Мајами ноќеска загуби од Хјустон Динамо во финалето на УС Опен Купот со 2:1. Средбата се одржа на стадионот „ПНК“ во Форт Лодердејл, Флорида.

Играчот од средниот ред на Хјустон, Грифин Дорси го отвори резултатот во 24. минута. Девет минути подоцна Амин Баси од пенал го удвои водството. Во вториот дел Нелсон Кињонес го зголеми резултатот, но голот беше поништен поради офсајд. На крајот од мечот Јозеф Мартинез го ублажи поразот.

Првата ѕвезда на Интер Мајами, Лионел Меси го пропушти натпреварот поради повреда, како и дефанзивецот Жорди Алба.

OhridNews