Фудбалерите на Интер и Јувентус, рамо до рамо на врвот од табелата ја завршуваат 18-та рунда во Серија А. „Нероазурите“, позитивно, со триумф над Наполи 1-3 (1-2) одговорија на предизвикот од Јувентус кој час претходно со 4-0 го совлада Каљари.

„Убиствениот двоец“ Лукаку – Лаутаро му пресуди на Наполи на Сан Паоло. Лукаку постигна два погодоци за краток временски период за водство од 0-2. До крајот на првото полувреме Милик намали на 1-2. Сите дилеми ги реши Лаутаро кој ја затресе мрежата за 3-1.

Трката на Интер и Јувентус продолжува во следната рунда. Интер на домашен терен ја пречекува Аталанта, додека Јувентус гостува кај тимот на Рома.

OhridNews