Ниту два погодоци предност не му беа доволни на Интер да извојува победа против Ливорно. „Нероазурите“ освоија бод, а испуштија два откако мечот заврши без победник 2-2.

По бодот освоен Интер стигна до 49-от сезонава, а многу позначаен е за Ливорно, кој грчевито се бори за опстанок.

Претходно пред своите гледачи Удинезе со 2-1 ја совлада Катанија и се приклучи кон средината на табелата.

Мх.П.