Челниците на италијанскиот калчолигаш, Интер не се седат со скрстени раце и веќе пикираа фудбалер кој би бил замена за Лаутаро Мартинез. Аргентинецот често се поврзува со Барселона и нема да биде ништо чудно ако каталонците ја платат откупната клаузула од 111 милиони евра во текот на летниот преоден рок.

Пикот на „нероазурите“ за нов фудбалер во нападот е членот на Арсенал, Пјер Обамејанг. Репрезентативецот на Габон со 17 голови е најдобар стрелец во Премиер лигата и би бил одлична опција за Интер во борбата со ривалите за титулите во Италија.

Мартинез во досегашниот дел од сезоната одигра 30 натпревари за Интер на кои постигна 16 голови. Моментално е повреден и е надвор од стројот.

OhridNews