Интер успеа да извлече реми 2-2 против Каљари со автоголот на Астори во финишот на мечот. Претходно Паласио го отвори резултатот, а на неговиот гол одговори Сау со два погодоци. Во финишот на мечот “нероаѕурите“ беа оштетени откако небеше покажана најстрога казна по стартот над Ранокиа. По ова реми прво за Интер сезонава, избранциите на Страмачони останаа на минус четири од Јувентус.

Резултати : Болоња – Палермо 3-0, Катанија – Кјево 2-1, Фиорентина – Аталанта 4-1, Интер – Каљари 2-2, Сиена – Пескара 1-0, Удинесе – Парма 2-2