Управата на милански Интер му понуди на Манчестер Сити 20 милиони евра за напаѓачот Един Џеко, јави Медиасет.

Џеко за екипата на Сити оваа сезона постигна 12 првенствени голови. Покрај Џеко, како можни засилувања на нападот на Интер се споменуваат и Фернандо Торес од Челси и Алваро Мората од Реал Мадрид.
Интер пред неколку месеци го обезбеди првото засилување за летниот преоден рок, откако актуелниот капитен на манчестер Јунајтед потпиша за „неразурите“ договор на три години.
„Макфакс“











