Центар за култура „Григор Прличев“

Од 08.05.2019 - 20:30 до 08.05.2019 - 22:00

Во организација на Младинскиот културен центар – Охрид, на алтернативната сцена Ќерал во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на 8-ми мај, среда, од 20:30 часот, ќе биде изведен интерактивен перформанс “Актер – Човек”, во режија на Теа Беговска. Настапуваат Никола Кузелов, Надица Петрова и Даријан Петров. Автор на музиката е Енес Беговски, а дизајнот на плакат е на Стефани Христов.

Театарски перформанс “Актер – Човек” кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себеси, колку го сакам другиот до мене. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер – човек или човек – актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. – велат учесниците во интерактивниот перформанс.

Билетите во ограничен број по цена од 200 денари може да се набават преку резервација на телефонските броеви:

075/491-218 Сретен Стрезовски
078/441-046 Бисера Николоска
078/413-946 Јован Цветкоски

Доколку пред премиерната изведба не се продадени сите билети, ќе бидат достапни и на влез на центарот за култура на денот на настанот за што ќе следи известување, соопшти организаторот.

OhridNews