Овој викенд, Охрид ќе биде центар на младинската енергија, знаење и инспирација — ќе се одржи Втората Интердисциплинарна студентска конференција, во организација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Настанот ќе опфати 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава. Работилниците ќе обработуваат теми од различни области — економија, технологија, здравје, општество и личен развој, информираат од Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Во рамки на конференцијата ќе се одржат и две панел-дискусии на теми: природно или совршено — што избираме и бесконечен раст на конечна планета — дали сме жртви на сопствената алчност.
Настанот има за цел да поттикне критичко размислување, интердисциплинарен пристап и активно вклучување на студентите во теми што го обликуваат современото општество, при што конференцијата претставува платформа за размена на идеи, искуства и визии за иднината, додаваат организаторите.
OhridNews












