Во рамки на ЕКО проектот кој во ОУ „Григор Прличев“ се спроведува веќе три години, учениците-   членови на биолошко- еколошката секција и еко- патролите изработија интересна и невообичаена новогодишна елка, украсена со материјал кој може да се рециклира, односно искористена пластична амбалажа.

Во украсувањето на елката учествуваа членовите на секцијата и по двајца ученици од шесто до осмо одделение, кои се дел од еко- патролите . Идејата беше да се изработи нешто ново, интересно, користејќи еко материјали за декорирање, потенцираат од училиштето.

Оттаму најавуваат дека пред новогодишните празници, во рамки на ЕКО проектот,  ќе биде организирана и продажна акција на предмети изработени од еколошки материјали.  

Т.К.