Не поминаа десетина дена откако Густаво Зондерман го загуби својот живот на патеката “Интерлагос”, а патеката зеде уште една жртва. Се работи за 67 годишниот натпреварувач во локалните тркачи серии Паоло Кунзе.


Пилотот полета во кривина 3 и по многуте превртување кои ги претпре неговиот автомобил застана во оградата. Бразилецот доби тешка повреда на главата и малку подоцна почина во болница.

Од управата на патеката “Интерлагос” се шокирани од она што се случило и инсистираат ФИА да даде дополнителни препораки за Безбедност на патеката. Една од мерките кои ќе бидат земени пред Формула 1 да стапне во Бразил на крајот на сезоната ќе биде тргањето на една од трибините за да се обезбеди поголема зона за безбедност.

Ohridnews