В сабота (утре) со почеток во 10 часот и 30 минути во водите на Охридското езеро ќе се одржи Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри организиран од Пливачка федерација на Македонија (ПФМ) и Пливачкиот клуб Феникс од Скопје.

На Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри ќе учествуваат шест пливачи во машка и шест пливачи во женска конкуренција. Помеѓу учесниците во машка конкуренција се бугарскиот пливач Венцислав Ајдарски кој победи минатата година на Олимпискиот пливачки маратон, аргентинецот Гилермо Бертола, редовниот учесник на Охридскиот пливачки маратон, Марсел Шутен и Александар Илиевски кој ќе биде единствен преставник. Кај женските на стартот ќе се појави минатогодишната победничка Василики Кадоглу од Бугарија, Ева Петровска од Македонија која прв пат ќе се натпреварува во ваква дисциплина

  • На трката ќе се пливаат шест круга. Еден круг ќе биде 1 665 метри. До сега имаме вкупно 12 натпреварувачи, а можеби во текот на овој ден бројката ќе се зголеми за три пливачи. Минатогодишниот победник Ајдарски ќе има голема конкуренција во Бертола, Шутен и нашиот пливач Илиески. Во женска конкуренција исто така има добра конкуренција, а за прв пат ќе настапи Петровска. Од името на сите им посакувам многу среќа, добро здравје и мирна вода на пливачите. – изјави претседателот во далечинско пливање, Томи Стефаноски.

Првиот човек на ПФМ, Александар Маленко додаде дека круна на работењето на ова раководство е Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри кој следната година ќе биде домаќин на едни од квалификациите за Олимписките игри во Токио.

Околу безбедноста и здравјето на пливачите ќе се грижат професионалните служби Црвен крст од Охрид и Езерската полиција. – Здравјето и безбедноста нам ние се најважни, затоа преземаме сериозни мерки за трката да мине во најдобар ред. Очекуваме добра трка и некаде победи подобриот. – рече преставникот од ПК Феникс, Никола Маленко.

Врховен судија на Интернационалниот пливачки маратон е Радован Велјаноски. Во машка конкуренција судија е Томи Стефаноски, а во женска Адриана Прокопиева.

Вкупниот награден фонд на маратонот изнесува 3 400 евра. Победникот во машка и женска конкуренција ќе добие 800 евра, второпласираните по 400, а третопласираните по 300 евра.

Мх.П.