Спортско друштво ИТК Македонија – Скопје, заедно со Интернационалниот курс за тренери (ИТК Лајпциг) од Универзитетот во Лајпциг од Германија, организираат Интернационален симпозиум насловен „Including Inclusion“.

Целта на проектот е да се развијат инклузивни спортски курикулуми за тренери и наставен кадар и да се етаблираат одржливи инклузивни спортски структури. Македонија во овој проект е студија на случај претставувајќи повеќе успешни и активни активности, велат од ИТК Македонија.
Настанот ќе се одржи утре во Младинскиот Културен Центар во Охрид.
OhridNews












