Викендов, во Струга почна вториот циклус од Интернационалниот ликовен карван насловен „Сета таа убавина“. На него учествуваат истакнати ликовни уметници од Македонија и странство.
Во изложбениот салон на Центарот на културата „Браќа Миладинови“ ќе бидат изложени скулптури, слики, графики на тема „Жената-најфина творба на природата“.
Организаторите потенцираат дека насловот на темата не е случајно избран. Произлегува од размислувањата, дека жената е најубавото нешто во природата.
Темата на Интернационланиот ликовен караван кој ќе се одржи идната година ќе биде „Најубавите мои соништа“.











