Под покровителство на претседателот на Македонија и градот Охрид, од денес до 15- ти септември во Охрид ќе се одржи петтата Интернационална конференција „ИКТ иновации 2013″.
Конференцијата е во организација на асоцијацијата ИКТ- АКТ која обединува поголем дел од универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија. Конференцијата е подржана од сите поголеми универзитети во Македонија, и спонзорирана од поголем број на меѓународни ИКТ компании. Главна тема на конференцијата оваа година се ИКТ иновациите во образованието.
Конференцијата е единствена меѓународна конференција од областа на техничките науки која редовно се одржува во Македонија, а чиј зборник на трудови се печати од меѓународно познатата издавачка куќа Спрингер. Програмскиот одбор на конференцијата составен од 222 академски професори од 52 земји, од 85 трудови кои беа пријавени од автори од 17 земји избра 25 најдобри за овогодишниот зборник. Дополнителни 20 труда ќе бидат презентирани на конференцијата во форма на кратки трудови и постери. На конференцијата ќе биде избран најдобар труд кој, во проширена форма, ќе биде објавен во меѓународно списание со импакт фактор.
OhridNews