Во организација на Општина Охрид, Стопанската комора за туризам и Министерството за економија, денес, во хотел Дрим во Струга почнува Интернационалната средба на туристичките асоцијации. На средбата, што ќе трае до 3 април, покрај македонските , ќе учествуваат претставници на туристичките асоцијации од Србија, Хрватска и Словенија.

Во рамките на собирот, туристичките асоцијации ќе имаат можност да ги разгледаат културно- историските споменици и туристичките потенцијали на Охрид, Струга и Вевчани , но и низ директни контакти да разменат искуства и да се дружат.

Со овој проект, Република Македонија ја покажува подготвеноста во соработка со асоцијациите од земјите во регионот да се промовира како атрактивна  туристичка дестинација.

OhridNews