Денес во склоп на чествувањата посветени на денот на езерото ќе се реализира Интернационална трка со велосипеди околу Охридското езеро .

Стартот на трката е на Машка плажа до хотел Дрим и се упатуваат према Калишта кон граничниот премин Ќафасан према Р.Албанија . Патеката води низ трите града , Струга, Поградец и Охрид .

За таа цел се информираат граѓаните од Охрид дека во периодот 14:30 часот се очекува велосипедистите да се движат од Св. Стефан кон – Булевар туристичка – на крстосницата кај Охридска банка , лево на Македонски Просветители , околу кружниот тек на плоштадот , покрај ресторанот Чун десно по улицата Цар Самоил кон црквата Св.Софија- по улицата Илинденска низ Горна порта надолу према Воска по улицата Кирил и Методи и по стариот пат кон Струга .

Патот од Еуротел до хотел Дрим во периодот од 15:оо часот до завршување на трката ќе биде затворен за сообраќај.  Прогласувањето ќе биде 17:00 часот на целта пред хотел Дрим .