– Очекуваме страницата да биде посетувана. Наша цел е преку неа во секое време да бидеме достапни и граѓаните да можат да се информираат за се она што се случува во центарот, вели директорката на Центарот за култура “Григор прличев”, Драгана Боцевска.
Најновото издание на фестивалот започнува на 6- ти јули и ќе трае до 11 јули. Традиционално ќе се одржи на сцената на Долни сарај, на која ќе настапат членови од четири професионални ансамбли од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, како и ансамбли од Црна Гора, Турција и Словачка.
Боцевска најавува богата и квалитетна програма во рамки на секоја вечер од одржувањето на фестивалот кој е признат и познат насекаде во светот.