Денеска, од страна на министерот за труд и социјална политика, Спиро Ростовски, директорот на Агенцијата за вработување и претстваникот на УНДП, беше промовирана интернет страницата за Програмата за самовработување – www.samovrabotuvanje.mk
Целта е да се обезбеди целосен, транспарентен и подостапен начин за информирање на заинтересираните лица за вработување.
Како што рече министерот Ристовски, со планот за вработување за 2013 година, ќе бидат опфатени околу 10 илјади невработени, за што од државниот буџет се издвоени над половина милион денари.
Ристовски информира дека во првиот циклус годинава се пријавени околу 2.000 кандидати и во тек се деловните обуки за околу 700 селектирани кандидати.
Во рамки на програмата за самовработување, од досега реализираните активности, најголем интерес за вработување имало во полето на земјоделството, услугите, трговија, а од минатата година интересот бил најголем за производство. Годинава, најголем интерес има за малостопанското производство.
Наредниот оглас од Програмата за самовработување ќе биде на 16- ти мај и ќе трае 10 работни дена и ќе може секој да аплицира.












