Благодарение на современата технологија, животот на човекот во изминатите децении е значително олеснет и „привилегиран“. Разивените техники и „современиот“ начин на живот придонесуваат за полесна и побрза комуникација, но и предизвикуваат отсуство од реалниот свет. Ако некогаш луѓето се дружеле и физички биле поблиски, денес социјални мрежи претставуваат „единственото“ средство за општење меѓу младите.

Истражувањата од областа на социјалната психологија покажуваат дека „западниот свет“ го поттикнува  индивидуализмот во општеството, кој придонесува осаменоста да биде една од најчестите „болести“ на денешницата.

Осаменоста добива една димензија на сериозна појава која полека се искачува на првите места помеѓу најчестите болести на денешницата. Луѓето, без оглед на статусот во општеството, знаат дека парите и моќта се вулнерабилни, а социјалните мрежи поаѓаат токму од таа премисла. Истата ја втемелуваат во мотивите на технолошкиот развој, кој денес ни овозможува да користиме цел спектар на направи, како смарт телефони, таблети, лаптопи и слично, се со цел – лесен пристап до социјалните мрежи во кое било време и место.“  – вели Елена Каневче, дипломиран психолог, семеен и системски советник.

Потрага по дигитален идентитет?

Претераната употреба на социјалните мрежи како единствен начин на комуникација, во суштина претставува бегање од реалноста и градење на дигитален идентитет, предупредуваат психолозите. Тие сметаат дека сето тоа негативно се одразува врз квалитетот на живот, а човекот постанува „жртва“ на илјадници бескорисни информации. 

Преку социјалните мрежи собираме пријатели како да се поштенски марки, не обрнувајќи внимание на квалитетот, туку на квантитетот. Наместо дружење, размената ја вршиме преку фотографии, статуси, лајкови. Споделувам- значи постојам. Наместо градење вистински пријателства, опседнати сме со бесконечна лична промоција, инвестираме  часови за градење на нашиот профил, ја избираме фотографијата на која најдобро изгледаме. Очекуваме повеќе од технологијата, а помалку едни од други. Така се случува една парадоксална ситуација – колку поголем број на пријатели имаме, толку всушност сме повеќе осамени.“ – објаснува Каневче.

Асоцијалност

Стручните лица од областа на психологијата велат дека иако социјалните мрежи прават да мислиме дека не сме сами, сепак вистината е токму спротивна.

Креаторите на виртуелниот свет и социјалните мрежи земаат во предвид неколку сознанија. Со користењето на интернетот,  вниманието можеме да го фокусираме каде сакаме, без социјален притисок.  Секогаш ќе бидеме слушнати и забележани и никогаш нема да сме осамени, но вистината е токму спротивната. Ако можеме да издржиме  да сме сами, тогаш никогаш нема да бидеме осамени.“ – потенцира Каневче.

„Нехемиска“ зависност

Интеренот предизвикува различни облици на „нехемиска“ зависност, која може да има негативни последици исто како и користењето психоактивни супстанции. Психолозите ги посочуваат зависностите од сајбер-секс, сајбер-врски, видео-игри, користење социјални мрежи, онлајн коцкање, и компулсивно проверување на телефон.

Ваквите состојби ги третираат повеќето психотераписки правци, а во основата на нивните третмани, зависно од пристапот,  лежат во  учење вештини за  справување со непријатни емоции, учење на вештини за решавање проблеми и слично.“ – вели нашиот соговорник.

Охриѓани ретко се обраќаат за помош

Стручните лица од приватните психијатриски ординации во Охрид, коментираат дека иако зависноста од интеренет претставува сериозен проблем во општеството, сепак малкумина досега се обратиле да побараат помош за понатамошно третирање на овој проблем.

O.T.

негативно се одразува врз квалитетот на живот, а човекот постанува „жртва“ на илјадници бескорисни информации.