
Телевизијата како главен извор на информации се изјасниле дека ја користат 233 читатели или 10%. Од вкупно анкетираните, 38 се изјаснија дека следат радио и на тој начин добиваат информации, 44 одговорија дека читаат весници, а 41 дека не користат медиумски информации. 662 посетители или 29 проценти одговорија дека ги користат комбинирано сите извори.
Младата попуација што ја контактиравме деновиве, едногасно се изјасни дека со интерентот светот е на дланка. Сепак, дел од родителите се загрижени од интернет-манијата кај нивните деца и велат дека на овој начин младите се развиваат неправилно.
„Моето дете седи 10 часа дневно пред компјутер. Одличен ученик е и јас се гордеам 
„Се сложувам дека интернетот е наша сегашност и реалност, но не смееме да замижиме и да ги оставиме нашите деца се повеќе да се оттргнуваат од здравите навики на живот“, вели таткото на Кристина, студентка на Факултетот за туризам и организациони науки.
За да биде иронијата поголема, најмалите „интернетомани“, кои впиваат се, ги копираат своите родители и воопшто не им претставува тешкотија да управуваат со оптичкото глувче и татстатурата.
„ Компјутерот најчесто го користам за да се информирам за некој резултат од спортот и за игри. Мојата ќерка ги запаметила постапките што ги практикувам, и сега, сама ги отвара и ги игра игрите“, вели таткото на четиригодишната Сара.

Сопственик на интернет-кафе во охридската чаршија потврдува дека порано неговиот објект бил преполн , па дури с ечекало и место пред компјутер. „Сега, вели тој, посетеноста е многу помаа, а тоа се должи на домашниот интернет“.
Интернетот денеска е достапен буквало секаде. Речиси и да нема подобар хотел или кафуле кои немаат интернет. Бежична конекција има и на охридските плажи. Ерата на компутеризација во Македонија доаѓа забрзано. Македонецот можеби нема стандард, но сурфа се повеќе, а интернетот станува негов главен извор на информации.
Горан Момироски












