Еднаш неделно во амбулантата во с.Белчишта ќе доаѓа лекар интернист кој ќе врши прегледи во рамки на проектот дисперзирана клиника. Ова било договорено на работниот состанок помеѓу градоначалникот Игор Трајкоски, директорот на Општа Болница -Охрид Љубен Арнаудов и Сашо Василески началник на интерното оделение во Општа Болница, што се одржа денеска во општина Дебарца.

Целта на овој проект е да им се овозможи на жителите од овој крај да добиваат специјалистички услуги во местото на живеење, а не да патуваат до Охрид. Исто така било разговарано за можноста овој проект да се прошири и во другите области на медицината. 

OhridNews