На иницијатива на опозициската СДСМ, Собранието на Република Македонија денеска ќе расправа за интерпелација на Владата на премиерот Никола Груевски.

Во пресрет на седницата ќе се одржи координација на пратеничките групи на која опозицијата и покрај бојкотот на средбите кај спикерот, најави дека ќе испрати свој претставник.

Коалиционите партнери, кои не се во најдобри односи извесен период, не го соопштија својот став во врска со иницијативата на опозцијата. ДПА најави дека ќе биде воздржана, а СДСМ не ја исклучува можноста премиерот сам да побара гласење доверба во Парламентот, со цел да се скрати дискусијата, која се очекува да биде жестока.

OhridNews