Службите од Ј.П „Охридски Комуналец“ интервенираа на пристапниот пат до село Рамне со посипување на сол и ризла.

По повод верскиот празник „Св. Атанасиј Велики“ им излеговме во пресрет на барањетo на месното население од село Рамне, информираа од Ј.П Охридски Комуналец. 

Инаку, празникот „Св.Атанасиј Велики“ се одбележува на 31 Јануари, кога верниците ја посетуваат истоимената црква која се наоѓа во село Рамне.

 

OhridNews