Во текот на вчерашниот ден, на барање на новинарски екипи од „Илустрована политика“ и “Скај +“ ТВ, од соседна Србија, градоначалникот Никола Бакрачески даде пошироко интервју за своето работење и визиите за развој на Охрид.

Одговарајќи на новинарските прашања за изборната победа и мотивот да се кандидира за градоначалничката функција, Бакрачески истакна дека граѓаните на Охрид во неговата програма виделе вистинска стратегија за развој на Охрид и раскинување со слабостите и катастрофалните резултати на претходната власт.

Поставувањето на Охрид на стабилни извори на финансирање и забрзан економски развој „беше клучен мотив да се кандирам за функцијата градоначалник, потполно свесен дека ме чека макотрпна работа, но неизмерната љубов кон мојот град и силната верба дека нештата можат да се подобрат ме мотивираа да го прифатам овој предизвик.“ – вели градоначалникот Бакрачески во интерјвуто дадено за двата медиуми.

На прашањето дали богата историска и културна традиција на Охрид ја зголемува одговорноста на Охридскиот градоначалник, Бакрачески со одговор дека  е потполно свесен за одговорноста пред милениумската историја на градот и неговото значење во светски рамки, но, тоа  само ја зголемува неговата посветеност во работење за сестран развој на Охрид и негова уште поголема афирмација, како уникатно место со универзално значење за целата планета.

Градоначалникот Бакрачески одговари и на прашања за културната соработка со соседна Србија, истакнувајќи дека културните врски се на завидно ниво, но и дека секогаш постојат начини тие да се подобруваат и продлабочуваат.

Интегралното интерву за српската публика, ќе биде емитувано во наредниот број на престижната “Илустрована политика“.

OhridNews