Во земјотресот што неодамна го погоди Нов Зеланд загина Тамара Цветанов (42), лекар педијатар. Таа се води за исчезната откако спасувачките екипи не успеале да ја извлечат од под урнатините на локалното училиште. Тамара го преживеала првиот потрес и воспоставила телефонска врска со сопругот Среќко, но по неколку часа бил изгубен секаков контакт со неа. Потресната приказна Среќко Цветанов од струмичко Ново Село ја раскажува за австралиското радио „ZZZ“ – програма на македонски јазик, која можете да ја чуете тука:


Ицо Најдоски „ZZZ“