Не поминаа многу, само пет години, откако македонската кошаркарска репрезентација ја „размрда“ Европа и на континенталниот собир во Литванија заврши меѓу најдобрите четири. Но, место, тој историски успех да биде најава за нешто поголемо, остана само за добро сеќавање.
Дното е се поблиску за македонската кошарка, бидејќи репрезентацијата против селекциите на Естонија и Косово ќе игра претквалификации за квалификации за пласман на Мундијалот во Кина.
– Падот на репрезентативната и воопшто клупската кошарка во Македонија беше неминовен, откако во кошарката дојдоа луѓе кои имаат допирна точка со политика, а не и со кошарката. Исто така, како проблем го лоцирам воведувањето на шест странци во екипата за домашното првенство. Ние, после успехот во Литванија да присвоиме се повеќе млади кошаркари, ние ќе буквално ги бркаме од в сала носејќи кошаркари од страна кои тука доаѓаат само да профитираат и ништо друго. Нашите клубови не се финансиски јаки и со играње во Европа да направат играчи, затоа единствена шанса за кошаркарите е репрезентацијата на Македонија. – рече за Ohrid News, Докузовски.
Искуството и квалитетот се на страната од Македонија, но според предводвидникот на Работнички никоја селекција не смее да се победи и отпише пред почетокот на натпреварот. – Македонија на хартија е фаворит, но во денешно време сите играат кошарка и секој на секого може да победи. Треба да се направи добар план, да се повикаат најдобрите кошаркари и сериозно да се пристапи, бидејќи тоа е клучот на успехот во модерната кошарка.
Пласман во главните квалификации за Светското првенство во Кина ќе обезбедат првите две селекции на табелата. Во претквалификациите се игра систем секој со секого „дома-гости“.
Михаил Постоловски