Мирните протести закажани за денеска на скопското Кале се претворија во инцидент. Двете спротивставени групи кои сакаа да го искажат своето незадоволство од изградбата и од рушењето на Црквата-музеј бесот го истурија со канонада од камења кои ги фрлаат едни врз други.

 За денеска во 12 часот најпрво беше закажан мирен протест на навивачката група „Комити“. Тие одбија да дадат изјава за медиумите и да кажат зошто се тука. На конструкцијата од музејската црква поставија знаме со сонцето од Вергина, но за кусо време го тргнаа.

За еден час подоцна беше најавен и мирен протест на група Албанци, претставници на невладини организации.Двете групи истовремено се најдоа на скопското Кале, по што избувна тешкиот инцидент.

Вом инцидентот сооред првичните информации повредени се 6 лица на возраст од 13 до 24 години и двајца полициски службеници.

Како што јавува „Макфакс“, полициски патроли сеуште ја обезбедуваат околината каде се случи инцидентот во кој беа инволвирани и малолетни лица.

Претседателот на невладината „Разбуди се“, Артан Груби, кој беше дел од инцидентот на скопското Кале, тврди дека навивачката група Комити ја нападнала и провоцирала групата Албанци, кои требаше да го искажат својот став за рушењето на Музејот- црква.

 „До судирот дојде затоа што не нападнаа, не провоцираа и затоа што одбиваа да се повлечат од Калето иако ние ги почекавме половина час додека да завршат со нивните ритуали. Иако ние бевме најавени и полицијата беше известена. Тоа беше виртуелен собир на националисти со единствена цел, да создадат меѓуетнички тензии, за што ние нема да им дозволиме“, изјави Груби, откако полицијата ги смири тензиите.

Инцидентот го осуди премиерот Груевско кој истакна дека секое насилство мора да се осуди независно од чија страна доаѓа

OhridNews
извор „Макфакс“