Синоќешниот избор на делегати и претседател на огранокот на ДУИ во Струга завршил со инцидент во кој е повредено едно лице.

Според неофицијалните информации, инцидентот се случил помеѓу двете крила во ДУИ- на екс градоначалникот и актуелен пратеник, Рамиз Мерко  и Арбен Лабуништа, поранешен пратеник и кандидат за градоначалник на Струга на Локалните избори во 2013. До тепачката дошло откако Мерко успеал да обезбеди подршка во сите ограноци за функцијата претседател.

Од СВР Охрид информираат дека случајот не е пријавен .