Инцидент се случил денеска во стариот дел на градот во близина на Св. Софија. Според првичните неофицијални информации дошло до вербална расправија помеѓу локален жител со неколку други лица, која прераснала во тепачка во која бил употребен мал нож. Во жестоката расправија полесно повредени со нож биле две лица.

Случајот го потврди СВР Охрид од каде информираат дека според првичните сознанија од истрагата во инцидентот учествувале најмалку 4 лица.

Веднаш по случување на настанот припадници на охридската полиција излегле на лице место, а по извесен период биле пронајдени и повикани на информативен разговор инволвираните во случајот.

Полицијата работи на утврдување на причините за инцидентот, а по целосното расчистување на случајот против учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews