Претходно порано во центарот на градот во организација на струшкото муфтиство се одржа протест, против, како што беше истакнато, омаловажување на исламската религија на карневалот во Вевчани. За време на протестот на јарболите пред општина Струга ги немаше знамињата на Република Македонија, градот и албанското знаме, за подоцна тука учесници во протестот да постават верски и етнички знамиња.
-Заедно со муфтиството и заедно со вас ќе ја истераме оваа правда до крај нема да дозволиме некој да гази врз нашата вера и нација, а секој што мисли така многу скапо ќе плати, истакна пред присутните градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
Пред присутните се обрати и струшкиот муфтија, кој ја обвини државата за двојни аршини, затоа што албанците се казнуваат за прекршување на законот, а македонците се толерираат дури и тогаш кога јавно шират нетрпеливост и омраза.
– Играат некаде фудбал, тенис, нешто друго, а од Белград ги пцујат Албанците и муслиманите. Ние како исламска заеница како муфтиство го следиме развојот да знаете дека нема да дозволиме такви работи, рече муфтијата Ферат Полиси.
Насобраните верници побараа Министерството за култура да престане да го финансира карневалот во Вевчани, затоа што учесниците со своето однесување предизвикуваат проблеми не само во државата, туку и со соседните земји.