На средбата беа презентирани условите за користење на услугите од ПроКредит Банка, наменети за пензионери: можностите за штедење и кредитирање, едноставноста во користењето на картичките за банкомат, како и услугата и советите кои персоналот ги нуди, со цел да се објасни и покаже начинот на користење на банкарските производи.
Пенизонерите искажаа позитивни впечатоци околу услугата која ПроКредит Банка ја нуди за примањето на нивната пенизија, можноста да штедат за себе или своите внуци со активирање на траен налог дирекно од својата трансакциска сметка по поволни и фиксни каматни стапки и рокови кои одговараат за нивните планови, можноста брзо, едноствано и без чекање да ги плаќаат своите сметки дирекно во филијалата или со траен налог. Од особено значење за пензионерите- корисници на услугите од оваа банка е што на располагање имаат млад и љубезен персонал, кој е на нивно располагање за демострација за користењето картички од банкомат, дополнително објаснување за сите банкарски услуги и совет за целосно банкарско работење.
– Ваквиот пристап спрема граѓаните е дел од стратешката определба на ПроКредит Банка да понудат едноставни, јасни и транспарентни банкарски услуги кои на граѓаните ќе им послужат во насока да го поедностават нивното финансиско работење, ќе им заштедат време и енергија и ќе им понудат задоволство при посетата на банка, изјавија претавниците на ПроКредит Банка од Охрид.