Новогодишните празници го вратија туристичкиот сјај на Охрид. Градот со денови интензивно се полни, а поради големиот интерес АД „Галеб“ за празниците воведе вонредни линии.

-Последните 3-4 дена автобусите кои доаѓаат од соседна Србија се преполни. Воведовме десет вонредни линии од Скопје, како и четири вонредни линии од Источна Македонија кон Охрид.-изјави директорт за сообраќај при АД „Галеб“ – Охрид, Димитар Василески.

Хотелите во градот се речиси целосно исполнети, а солидно исполнетост има и во приватните сместувачки капацитети.

OhridNews