Вчера во организација на Хидробиолошкиот Завод, а под раководство на професор д-р Сашо Трајановски, во Охрид беше одржана финалната работилница во рамките на проектот „Инвазивни видови во Охридското Езеро и негивиот слив, како закана за биодиверзитетот и функционалноста на езерскиот екосистем“.

Примарната цел на работилницата, беше презентација на резултатите и формулирање на препораки, како основа за идни истражувања во областа на инвазивните видови и климатските промени во сливот на Охридско Езеро.

Два инвазивни видови риба евидентирани во сливот не езерото

Инвазивните видови претставуваат потенцијална закана за биодиверзитетот на Охридско Езеро. Како што потенцира Трајановски, во сливот на езерото се застапени два иназивни видови риба, како и еден растителен вид кој е подеднакво застапен во неговиот слив.

Според ИУЦН, факторот на импакт е оценет како 4 на скалата од 5. За жал феноменот со инвазивните видови не го има одминато ни сливот на Охридско Езеро. Во истражувањата се констатирани инвазивни видови кои се вброени во листата на Европски 100 најинвазивни (ДАИСЕ). Еден од нив е растителен вид, Elodea canadensis, подеднакво застапен и во езерото и во сливот. Додека, два инвазивни вида на риби се евидентирани во сливот на езерото: Pseudorasbora parva и Carassius gibelio.“ – потенцира Трајановски.

Инвазивните видови негативно се одразвуваат врз биодиверзитетот

Трајановски објаснува дека присуството на инвазивни видови укажува на нарушени средински фактори, кои директно условиле промени во живеалиштата.

Промените во живеалиштата не само што го потенцираат инвазивниот капацитет на ненативните видови, туку и  примарно се одразуваат  врз структурата на животинските и растителните видови, кои го населуваат сливот, одразувајќи се негативно врз биодиверзитетот на езерскиот екосистем.“ – објаснува Трајановски.

Стратегија и мерки за ублажување на негативниот ефект

Пред присутните, Трајановски истакна дека потребно е да се направи стратегија и акциски план од мерки, за ублажување на негативниот ефект од инвазивните видови во езерото и неговиот слив.

Востановување на стратегија и акциски план од мерки за ублажување на негативниот ефект од инвазивните видови, како и подигање на јавната свест за овој феномен, се цели на кои во иднина треба да им се даде значително повеќе простор и внимание. Се со цел одржување на посебноста на растителниот и животинскиот, ендемореликтен свет, кој го населува Охридско Eзеро.“ –  истакна Трајановски.

Во проектот вклучени научни работници од Бугарија и Албанија

Во проектот активно беа вклучени еминентни научници од Хидробиолошки завод од Охрид, научници од Бугарската Академија за науки-Институт за зоологија, како и научници од Земјоделскиот универзитет од Албанија.

Проектот  е пионерска работа во областа на инвазивни видови во Македонија и е целосно реализиран со финанскиската поддршка од Норвешката амбасада. Реализиран е во периодот март 2013-февруари 2014 година.“ – вели Трајановски.

O.T.

Како што потенцира Трајановски,