Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, се спроведува инвентаризација на пештерите во заштитеното подрачје Нaционален парк Галичица во околината на Трпејца.
Експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува спелеолошки и биоспелеолошки испитувања во пештерите на Галичица. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени, информираат од Црвен крст Охрид.

OhridNews












