„Број 1 дестинација за бизнис во Југоисточна Европа“, „Инвестирајте во Македонија“, со овој натпис македонските превозници ќе ја промовираат државава низ Европа и во светски рамки, дознава МРТ.

На сите камиони, автобуси, минибуси кои возат во меѓународен сообраќај од 1-ви јануари ќе стојат овие налепници, а дизајнот на истите е веќе утврден. Димензиите ќе бидат различни, а целта иста- подвижна реклама за привлекување нови странски инвестиции. Превозниците се согласни – колку повеќе компании, толку повеќе работа.

„Во иднина, некој што ќе сака да инвестира во Македонија ќе значи зголемување на економијата, односно ќе значи поголем обем на работа и за нас превозниците. Штом некој инвестира се зголемува економијата и ние ќе имаме поголем превоз“, смета Горан Трпковски – претседател на Здружение на превозници – Исток.

За да ги избегнат евентуалните проблеми во Грција – на избор на превозниците  налепница ќе биде со со државното знаме и со содржина:  „Дестинација број 1 за правење бизнис во Југоисточна Европа“.

Оваа мерка е дел од кампањата Инвестирајте во Македонија. Покрај роуд шоуата, кои се еден од начините странските бизнисмени да слушнат и да покажат интерес за државава како потенцијална дестинација за проширување на бизнисот.

OhridNews

Извор:„МРТ“