Според градоначалникот Никола Бакрачески меѓу нештата кои му недостигаат на Охрид како туристичко место се луксузни хотели, поради што се преземаат низа активности за привлекување на интересот на евентуалните инвеститори. 

– Во изминатиот период остваривме голем број средби со потенцијални инвеститори од Холандија, Турција, Исланд , Швајцарија кои се заинтересирани за изградба на елитни комплекси за хотелско сместување, како и за објекти за здравствен туризам. Од страна на локланата самоуправа на потенцијалните инвеститори им се претставуваат можностите и во кои сегменти  можеме да помогнеме при реализацијата на таквите инвестии , информира Бакрачески.

Дел од познати хотелски брендови со години беа поврзувани со Охрид, но до сега неуспешно завршија обидите за продажба на понудените атрактивни локации од државата за изградба на елитен хотел покрај Охридското Езеро.

OhridNews