Најголемиот број заинтересирани инвеститори кои во изминатите неколку месеци оствариле контакт со градоначалникот Никола Бакрачески, покажале интерес да инвестираат во областа на туризмот, производството на храна и образованието.

Најголемиот  број компании или физички лица со кои разговаравме, се заинтересирани за изградба на хотели, пензионерски домови, комплекси за здравствен туризам, но и за производство на здрава храна и месо.  Две компании се заинтересирани да вложат и во текстилната индустрија , за кои како прифатлива опција е фабриката  да биде отворена во еден од погоните во комплексот на ЕМО, каде би вработиле од 200 до 250 луѓе, изјави градоначалникот Бакрачески.

Информациите за досега реализираните контакти на градоначалникот со заинтересираните инвеститори беа презентирани на денес одржаната редовна седница на Советот на градски татковци, на која се расправаше и околу организирањето на дочекот на Новата година и манифестацијата Водици, се со цел двата настани да понудат интересни содржини кои би привлекле што поголем број гости во градот.

Градоначалникот Бакрачески најави дека во текот на неделата ќе бидат утврдени деталите околу дочекот на Новата година и кои естрадни уметници ќе ги забавуваат охриѓани и гостите на прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад.

Т.К.

Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови