Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Баерн.

Овој натпревар нема да влијае на нашиот пласман во осминафиналето, но сериозен предизвик е да играме против еден од најдобрите тимови во Европа на прекрасен стадион. Сакаме да играме сериозно и организирано, иако знаеме дека ќе биде тешко, бидејќи противникот има одличен состав, изјави Инзаги.

Интер досега собра 10 бода и е втор во групата Ц, Баерн е на чело со 15 бода.

Натпреварот Баерн – Интер ќе се игра вечер од 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.

OhridNews