Фудбаласката легенда на Милан, Филипо „пипо“ Инзаги е најсериозен кандидат за преземање на функцијата тренер од сегашниот Масимилијано Алегри.

На „росонерите“ сезонава не им оди баш најдобро откако на четири натпревари освоија само четири бодови и заостануваат осум зад водечките на табелата Рома и Наполи.

„Пипо“, кој е тренер на младинците во Милан на „Сан Сиро“ помина незаборавни 11 години во кои ги освои сите трофеи на клупски план.

Ако челниците на Милан се решат да му ја доделат довербата на Инзаги да го води тимот тоа ќе биде прво искуство за екс-напаѓачот, кој од фудбалот се повлече во 2012 година.

Мх.П.