Тренерот на Интер, Симоне Инзаги не е задоволен од нерешениот резултат на синоќешното градско дерби со Милан.

Интер и Милан во 12. коло на италијанскиот шампионат одиграа 1:1.

Чашата е полупразна затоа што имавме многу шанси и не реализиравме пенал, па според мене заслуживме повеќе. Ни се спротивстави одлична екипа, која заслужено е на врвот на табелата. Заостануваме во однос на напредокот, но има време да се вратиме на вистинскиот пат. Во последните шест натпревари ремизиравме со Јувентус и Милан, кога веројатно заслуживме да победиме, изјави Инзаги за „ДАЗН“.

Милан има 32 бода и е на второто место во Серија А. Исто толку бодови има и водечкиот Наполи, додека Интер има 25 бодови и на третата позиција.

OhridNews