ИО на СДСМ не ги прифаќа пратеничките мандати, Груевски смета дека таквата одлука е штетна
30.04.14 11:59
Извршниот одбор на СДСМ на синоќа одржаниот состанок донел одлука да не се прифатат мандатите во Собранието и да не се поднесуваат приговори до ДИК во врска со одржаните избори. Образложението од СДСМ е дека не гледаат причина зошто би се доставувале приговори до ДИК, како што велат , кога не функционираат институциите. Додаваат дека во текот на целиот изборен период и предизборието биле поднесени над 100 претставки од нивна страна кои не биле прифатени, а некои од нив не биле ниту разгледани.
Предлогот на извршниот одбор ќе биде доставен до централниот одбор на партијата кој ќе заседава вечерва во 18 часот и кој треба да се изјасни дали го прифаќа предлогот за одбивање на мандатите.
Одлуката на Социјалдеморкатскиот сојуз да ги врати пратеничките мандати е штетна за партијата, но и за целата држава, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните случувања на политичката сцена.
Груевски додаде дека СДСМ се уште има време да ја преиспита својата одлука додека Парламентот не почне со работа.
Централниот одбор на опозициската партија треба да се одржи вечерва после 18 часот, кога и дефинитивно ќе се знае дали СДСМ ќе ги прифати или не пратеничките мандати.
Припадници на резервниот состав при СВР Охрид утре, недела, 25 октомври, од 8 часот ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид Од СВР Охрид информираат дека п...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.