Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска, на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, донираше социјални пакети со прехрамбени производи.
Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реализирана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид. На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење, вели претседателот на ИПА регион Охрид, м-р Стефан Димоски.

OhridNews












